СКОПСКИ ВЕСТИСЦЕНА

ШТО НУДИ КУЛТУРНИОТ ВИКЕНД ВО СКОПЈЕ

Временските услови овој викенд не се поволни за прошетки во природа, па затоа ви предлагаме каде може да го поминете квалитетно вашето време и културно да се издигнете.

Во Театар Комедија вечерва (петок) со почеток од 20:00 игра претставата Женска гардероба, а во сабота на 11.03 е на сцена Стјуардеси.

За претставата Мојот маж во Драмски театар секогаш се бара билет повеќе. Петочната претстава е веќе распродадена а за саботната има само уште неколку билети.

На сцената во театар МНТ во сабота е поставена Ничија земја во режија на Александар Морфов.

Од областа на музиката ќе се одржат различни настани во Буква, Јадро и МКЦ.

Во Буква вечерва за прв пат авторот Владимир Мартиновски ќе можеме да го слушнеме со неговиот прв диџеј сет со почеток од 21:00 ч.

Во КСЦП Јадро утре со почеток од 12ч. ќе се одржи Хуманитарен концерт за Сирија и Турција. На концертот ќе настапат: Хана Корнети на укулеле, Марија Каева како вокална солистка, Владан Дробицки – трамбонист и Дино Милосављевиќ – тапани. Минималната препорачана донација за концертот изнесува 200 денари, кои посетителите ќе можат да ги оставаат во кутиите за донации што ќе бидат поставени од Црвениот крст на Град Скопје за време на настанот во Центар-Јадро.

Канадскиот дует „Надја“ и Италијанците „Уочи Токи“ ќе настапат вечерва во Младински културен центар во Скопје, со почеток во 21 часот.

„Надја“ е проект на мултиинструменталистот Ајдан Бејкер и басистката Леа Бакареф, чија музика се опишува како експериментален нојз/дум/дримслаџ/металгејз, во која атмосферските текстури на шугејзот се комбинираат со амбиентална позадина. По потекло од Канада, тие сега живеат во Берлин и ова ќе биде нивни втор настап во Скопје, по оној во 2012 на Синедејс.

Во Бруталиск вечерва диџеј сет на Мартина Пенева.

За љубителите на ликовната уметност во тек се неколку изложби, кои што ќе имаат можност да ги погледнат викендов. Мало потсетување: за сите музеи понеделник е неработен ден.

Во Музеј на МСУ од вчера е поставена изложбата Пејзаж на вознемиреност. Пејзажот на вознемиреност се однесува на промените во животната средина, кои генерираат ургентни состојби преку екстремните временски услови, губење на биодиверзитетот, девастираната животна средина, неконтролирани траектории на експлоатација на основните ресурси, како водата и воздухот, глобален раст и несакани миграции.

на 12 март (недела) во 12 часот во рамки на изложбата ќе следува и јавна програма која ја отвора Адам Ночек, професор по Филозофија на науката и технологијата од Државниот универзитет Аризона во САД.

Во Археолошкиот музеј вчера беше поставена изложбата “Праисторијата во Струмичко-радовишкиот регион.”

Посетителите ќе имаат ретка прилика на едно место да погледнат дел од археолошките предмети од локалитетите Орниче, с.Костурино; Канли Чаир, с.Дамјан; Страната и Чаушов камен, с.Ангелци; Бојковци и Тополничка река, с.Дамјан; Голема Трпеза, с. Старо Коњарево; Цареви Кули во Струмица; Чешмеџик во Радовиш; Манастир, с.Габревци; Падарница, с.Водоча; Штучка река, с.Штука; Скоруш чешма, с.Костурино, кои потекнуваат од неолитот, енеолитот, бронзеното и железното време (крајот на 7-от милениум пр.н.е. до средината на 1-от милениум пр.н.е.).

Изложбата може да се посети до крајот на април, 2023 година.

Во Националната галерија Чифте амам во соработка со Францускиот институт во Скопје, ќе можете да го посетите второто продолжение на изложбата под наслов „Париски рефлексии“.

Вечерва во 19ч. во галеријата на Кинотека ќе биде поставена Изложбата насловена „Првите 30 години“ на уметницата Касиопеја Наумовска. Поводот за изложбата е тридецениското нејзино творештво.Таа ќе се претстави со 42 дела.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СКОПСКИ ВЕСТИ

Во скопската Зоолошка се одбележа Светскиот ден на нилскиот коњ

Вчера по повод Светскиот ден на нилскиот коњ, пред живеалиштето на Буцо...

СЦЕНА

Театарската претстава „Момчето со пругасти пижами“ вечерва во МНТ

На големата сцена во Македонскиот народен театар во Скопје, вечерва со почеток...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Гази Баба првпат оваа година доделува субвенции за сончеви колектори

Општина Гази Баба оваа година за прв пат објави јавен повик за...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Оштетени игралишта во Капиштец, Герасимовски со апел да не се вандализира јавното добро

Сите игралишта што беа реконструирани пред неколку месеци се вандализирани. Последен е...