СЦЕНА

КАДЕ СО ДЕЦА ВИКЕНДОВ

Викендов во Скопје ќе се одржат неколку настани за деца. 091инфо.мк за вас ги издвојува и препорачува следниве:

Во Бруталиск во сабота на 11.03 со почеток во 11ч. „FOOD ART работилница“ со Весна Ѓурковска. Додека родителите пијат кафе , децата во рамки на работилницата ќе можат да направат своја уметност со храна од овошје и зеленчук: лавови од портокали, пауни од јаболки, стоногалки од моркови и секакви чуда. Учеството е потребно претходно да се најави на artbrigada.brutalisk@gmail.com

Во Јавна соба на 11.03  со почеток во 12ч.– Шарени сапунчиња – детска креативна работилница.На оваа работилница дечињата ќе имаат можност сами да си направат и декорираат свое сапунче од глицеринска база направена од природни состојки, без додаток на детергенти, конзерванси и други штетни материи!

◦ Работилницата е наменета за деца 8+ години.

◦ Цената за учество е 400 ден.

◦ Максимален број на учесници е 10 дечиња.

◦ Пријавувањето на децата е задолжително, и се врши со испраќање на порака по Viber на телефонскиот број 071287755. На истиот телефонски број може да се добијат и повеќе информации.

◦ Работилницата е со времетраење од 90 минути.

Во Јавна соба малку подоцна, во попладневните часови следат други работилници за деца од областа на музиката. 11.03 – 16:00 – 17:00 и 17:30 до 18:30  – Детска музичка работилница. Во рамки на овие работилници планирани се активности кои ги развиваат талентите кај дечињата преку пеење, свирење на детски музчки инструменти, активно слушање на музика, ритмичко движење со интересни музички игри.

◦ Работилниците се поделени во две групи:

група 1, 16:00 – 17:00 часот, наменета за деца на возраст 4-6 години, и

група 2, 17:30 – 18:30 часот, наменета за деца на возраст 6-8 години

◦ Цената за една работилница е 350 ден.

◦ Максимален број на учесници во група е 10 дечиња.

◦ Пријавувањето на децата е задолжително, и се врши со испраќање на порака по Viber на телефонскиот број 075/266-649. Ментор е Маја Јагликовска, музички едукатор со долгогодишно искуство во редовна настава во градинки и училишта.

Во Јавна соба – „Тајната книга на дедо” за последен пат сезонава на сцената во недела(12 март) со почеток од 14ч.  Оваа прекрасна претстава на детски, забавен и волшебен начин, не учи за вистинските вредности, за другарството, предрасудите и почитта кон постарите.

👧Претставата е наменета за деца над три години, за нивните родители и за сите театарски љубители.

🎫 Билетите се по цена од 250 ден.

🕑 Претставата трае 40 минути.

Резервирајте го вашето место со испраќање на порака по Viber на телефонскиот број 075844066.

Во Театар за деца и младинци викендов две претстави на репертоар.

Вечерва со почеток во 19:00 на сцена е  претставата Грдото пајче. Утревечер, на 11.03 исто така со почеток во 19ч. на репертоар Некој нека ми каже колку сум важен. Оваа претстава се препорачува за деца со навршени шест години. Цената на билетите изнесува 200 денари.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Препорачуваме

Related Articles

СЦЕНА

Театарската претстава „Момчето со пругасти пижами“ вечерва во МНТ

На големата сцена во Македонскиот народен театар во Скопје, вечерва со почеток...

СЦЕНА

„Кино Утро“ во Кинотека почнува на 9. јануари „Зоки Поки“

Во текот на зимскиот распуст, на почетокот на јануари, веќе традиционално Кинотеката...

СЦЕНА

Краткиот игран филм „Дали си маж“ по сценарио и режија на Ѓорче Ставрески на ‘HBO Max’

– Краткиот игран филм „Дали си маж“ по сценарио и режија на...

СЦЕНА

Викендов „Златно Славејче“ во Филхармонија, гостува познатиот рапер Пајак

Претстојниот викенд во Скопје ќе се одржи годинешното издание на реномираниот детски...