Во скопските центри за дијализа денес се прават превентивни прегледи, едукации и се делат бесплатни медицински совети. Оваа акција која е во рамките на одбележување на Светскиот ден на бубрегот, ќе се спроведе и во сите останати дијализни центри во земјава.
Во текот на цел месец март, предвидени се и други активности како едукација низ училиштата, јавни стручни настапи во насока на правилно информирање на граѓаните, поддржани од стручни лица од областа на нефрологијата, дијализата и трансплантацијата.
Leave a comment