КУЛТУРА

ЛУЃЕТО, А НЕ ГРАДОТ – Интимна исповест на скопјани за Скопје

„Се обидов да ги сочувам од заборав сеќавањата и спомените на последните скопјани, мои не лично доживеани, меѓутоа ги сметам за еден убав дел од периодот на животот на Скопје кога луѓето знаеле за соживот, за љубов и убави средби. И покрај бедата и сиромаштијата во која живееле, знаеле да живеат среќно!“

…„Слушај да ти кажам за проститутките. Проститутките беа во Циган маало, своевиден остаток, наследство од Вардарската Бановина. Тоа маало беше куплерај, значи нечисто, мизерно, бедно на еден мал простор со многу улички и споредни сокачиња, имаше многу собички каде што се одвиваа оние валканите работи. Таму тие курвите ги примаа своите муштерии. Види, и сега се згрозувам кога ви зборувам за ова. Помеѓу нив имаше и обичен, сиромашен народ кои едвај чекаше нешто ново да се случи и брзо да се разгласи во првите пет минути. Што да ти кажам, радио милева. Оној ваков бил, оној онаков. Инаку се собираа во летната кафана Пролеќе, не сум сигурна дека така се викаше, потоа во летната кафана Бристол до Мала станица. Спроти зградата на Нова Македонија имаше и професионално место за таа работа, во хотелот Марс. А најпознат по проституција беше хотелот Бристол во периодот по ослободувањто, некаде 1958 година. За наша среќа се појави еден менаџер, мислам дека се викаше Ангел Косалџиев му беше името, кој направи едно здружение за забава со народна музика и од сите проститутки што беа во Бристол направи кафански пејачки и на тој начин ја растури проституцијата во маалото. Но, морам да ти кажам до денеска во пејачките ја гледам излечени проститутки!“….

Ова е извадок од книгата „Луѓето, а не градот“ од Снежана Младеновска Анѓелков, чијашто промоција вчера се одржа во Салон 19.19 при КИЦ – Скопје.

Скопје е главна тема во најновото прозно дело на Снежана Младеновска Анѓелков „Секој град си има своја лична биографија, а неа ја сочинуваат судбините на неговите жители“. – со овие зборови авторката ја започна својата промоција, со зборовите на хроничарот Благоја Иванов, кој на авторката и бил професор и автор на кој му се восхитува.

„Се обидов да ги сочувам од заборав сеќавањата и спомените на последните скопјани, мои не лично доживеани, меѓутоа ги сметам за еден убав дел од периодот на животот на Скопје кога луѓето знаеле за соживот, за љубов и убави средби. И покрај бедата и сиромаштијата во која живееле, знаеле да живеат среќно!“ понатаму кажа таа.

Во тој таканаречен Музеј на сеќавања, како што раскажуваа таа, можат да се прочитаат најразлични приказни за маалскиот живот, реални животни приказни во текот на неколку децении.

Најголема инспирација на авторката се нејзините деца. Спротивно на она дека на авторите им треба осама за да пишуваат, Снежана сподели: „Јас доколку ги немам децата покрај мене, нема да имам мир за да можам да работам.“

За да ја напише оваа книга авторката вели дека и бил потребен досегашниот работен век: „Како монтажер работам во ТЕЛМА 23 години, за сето тоа време порано имаше богата продукција на документарни филмови, репортажи итн. Имам направено повеќе од 500. Тоа е една солидна бројка на луѓе, на стории животни, биографии.. Од сите нив јас црпев она што сметав дека е најинтересно. Го земате како информација, го складирате, го чувате некаде во главата. Некогаш го запишувате, некогаш само го помните“.

Од старо Скопје и фали мирот и спокојот, убавите настани, а не денешните културни трендови. Ја интересираат обичните луѓе и и недостасуваат убавите работи.

Промоцијата беше збогатена со актерско читање на извадоци од книгата од страна на актерите Биљана Драгичевиќ – Пројковска и Предраг Павловски.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Разни поетски настани, домашни и странски учесници на годинешниот „Скопски поетски фестивал“

Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“), градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒...

КУЛТУРА

Трибина на тема „Големи приказни од мали земји“, средба со писателката Зејнеп Севде

Богата програма од дури осум настани во Младинскиот културен центар најавува 6....

КУЛТУРА

„Литера 2024“: Книгите, приказните, уметноста ги носат децата на магични патувања

Литературата и илустрацијата имаат специјално место во срцата на децата. Низ книги,...

КУЛТУРА

Изложба ”Професори и студенти” во МКЦ

На 14 јуни во Младинскиот Култирен центар ќе се отвори изложбата со...