Општина Кисела Вода започна реконструкција на улицата „Вера Јоциќ“, заедно со двата нејзини крака. По завршувањето на зафатот кој опфаќа 5300 метри квадратни, ќе се обезбеди безбеден и комфорен сообраќај долж целата улица.
Како што објаснуваат од општината, овој градежен зафат ќе го подобри паркирањето во овој дел од населбата Цветан Димов, бидејќи покрај асфалтирањето, на десната страна од оваа улица ќе бидат отворени џебови за паркирање, додека левата страна ќе биде пешачка зона одделена со столпчиња. На овој начин се надминува проблемот на локалните жителите, бидејќи коловозот одамна е многу оштетен, а тротоарите беа целосно окупирани со паркирани возила.
Leave a comment