СКОПСКИ ВЕСТИ

УНИВЕРЗАЛНА СКАПУВА ОТИ АРСОВСКА НЕ ЈА ПРАВИ – Советниците не го изгласаа предлогот на СДСМ да ја догради Владата

Година и половина Универзална сала стои разурната, како да е уништена во ураган. Градоначалничката Данела Арсовска нема абер да преземе активности за да се продолжи со реконструкцијата на концертната сала која е симбол на Скопје.

Ниту една советничка во Советот на Град Скопје денеска не ја подржа иницијативата за советниците од СДСМ, Универзална сала да ја преземе и догради Владата. Освен советниците на СДСМ никој друг не гласаше ицијативата да биде ставена како точка на дневен ред на денешната 26 седница.

Во иницијативата од советничката група на СДСМ се предлага Владата времено да ја преземе концертната сала за да ја догради, а потоа повторно да биде вратена на Град Скопје.

Реконструкцијата на Универзална сала повеќе од една година стои во место, откако градоначалничката Данела Арсовска реши овој проект да не продолжи. За реконструкцијата на овој важен објект за Скопје но и за целата држава, обезбедени се средства во износ од 120 милиони денари од Владата, од кои искористени се само околу 40 милиони, што значи дека за овој проект на располагање се уште 80 милиони денари. Ако веќе Арсовска не сака и не може да ја доврши реконструкцијата, Владата која е и финансиер на овој проект, има и волја и можност тоа да го стори“, вели Јанчевска.

Претседатекот на Комисијата за култура на Советот на Град Скопје Страшо Ангеловски од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кажа дека чека дополнителни одговори од Министертсвото за култура и кога ќе ги добие ќе се разговара за оваа тема.

Да ги добиеме образложенијата од Министерството, со оглед на тоа дека станува збор за правни постапки, па веднаш ќе закажам седница на Комисијата за култура и сите советници ќе предложиме ваква иницијатива за Владата да ја преземе концертната сала. Сме чекале 5-6 години, можеме да почекаме уште 5-6 дена“, рече Ангеловски.

Година и половина Универзална сала стои разурната, како да е уништена во ураган. Градоначалничката Данела Арсовска нема абер да преземе активности за да се продолжи со реконструкцијата на концертната сала која е симбол на Скопје.

Откако по доаѓањето на функцијата во ноември 2021 Арсовска ги прекина градежните работи велејќи дека проектот не е безбеден, ништо не е преземено да се продолжи со проектот. Просторот околу Универзална стои ограден со лимени тараби, салата е разурната, отворена и скапува, а дворот е затрупан со градежен шут. При дожд и силен ветер париња од таванот летаат наоколу и претставуваат опасност за минувачите.

На последната седница на Советот на Град Скопје за советнилки прашања пред две недели советниците ја прашаа градоначалничката Данела Арсовска што се случува со овој проект и зошто не ја продложува градбата. Одговор од Арсовска немаше. Таа постојано одбива да одговори и на прашањата од новинарите за Универзална сала.

Од Владата која го финансира проектот во ноември лани најавија дека ќе ѝ ги одземат ингеренциите на Арсовска и преку Министерството за култура ќе се догради објектот. Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и министерот за локална самоуправа Ристо Пенов имаа и средба со Арсовска, но резултати нема.

Имавме една средба со градоначалничката пред Нова година на која кажавме дека не е намерата ја одземеме салата и никогаш повеќе да не ја вратиме на Градот. Тоа е одење спротивно на Законот за децентрализација. Испративме писмо каде стои дека Министерството за култура само бара да се направи промена на инвеститорот додека се прави, а кога ќе се заврши ќе се врати повторно на Град Скопје. Но, уште немаме одговор од Арсовска“, вели министерката Костадиновска-Стојчевска додавајќи дека Универзална сала се јавува и како носител на апликацијата за Европска престолнина на културата 2028.

Универзална сала која е затворена 7 година почна да се реконструира во септември 2021 кога градоначалник беше Петре Шилегов. Проектот предвидува реконструкцијата да се одвива во два фази, прво надворешностата на објектот, а потоа внатрешноста. За првата фаза се обезбедени 2 милиони евра од Владата и префрлени на наменска сметка на Град Скопје, а на почетокот на градежните работи беше кажано дека ќе биде готова до 2022.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СКОПСКИ ВЕСТИ

Пролетен маскенбал на домашни миленици

ЈП „Лајка“ в недела напрадне  на „Школка“ во Градски парк организира добра...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Втора државна изложба на кучиња од расата „македонски паничар“

Кинолошкиот клуб „Македонски паничар“ в сабота во паркот во Ѓорче Петров ќе...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Поставена нова урбана опрема на плоштадот во Автокоманда

Изминатиот период се реализираа активности за поставување на нова урбана опрема на...