АКТУЕЛНО

РАСПИШАН НОВ ОГЛАС ЗА ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ – Ќе возат на истите линии како пред да се скараат со Арсовска

Огласот е за 16 линии кои се поделени во три пакети односно за линиите со број 9,11,11А,12,19,20,22,23,45,47А,52,54,55,61,63 и 73. За овие линии потребно е да има 115 автобуси и 245 возачи.

Денеска Град Скопје објави оглас за доделување линии во јавниот превоз на приватните превозници. Огласот е за истите линии на кои приватниците возеа со години односно додека се скараа со градоначалничката Данела Арсовска. Проблемот настана бидејќи ЈСП „Скопје“  со месеци не им исплаќаше пари, а Арсовска не им го признаваше долгот од 1,5 милиони евра. Поради тоа од декември тие не се дел од јавниот превоз.

Огласот е за 16 линии кои се поделени во три пакети односно за линиите со број 9,11,11А,12,19,20,22,23,45,47А,52,54,55,61,63 и 73. За овие линии потребно е да има 115 автобуси и 245 возачи.

Поднесување на пријавите е до 21 март, а на 27 ќе се врши разгледувањето и одлучувањето. Тоа значи дека приватните автобуси повторно би биле дел од јавниот превоз кон почетокот на април.

Арсовска три месеци не ги примаше на средба приватниците и не признаваше дека има проблем со јавниот превоз, Велеше дека автобуси на улиците има доволно, дека ЈСП „Скопје“ ги заменува овие линии иако граѓаните со саати чекаат на станиците, а кога ќе дојде автобус тој е преполн.

На 1 март превознците имаа средба со претставници на Град Скопје после која изјавија дека бил постигнат договор и покрај нов оглас за истите линии, им било ветено и дека ќе се исплати долгот од 1,5 милиони евра. Тие рекоа дека веќе нема да бидат застапувани преку фирмите „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ туку ќе формираат нови три фирми

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Со индекс на загаденост 161, воздухот во Скопје е оценет како „нездрав“

Во главниот град  се измерени 161 микрограми на кубен метар ПМ 2,5...

АКТУЕЛНО

Повторно евтина дневна тарифа на струјата за домаќинствата

Домаќинствата почнувајќи од денеска во периодот од 13 до 15 часот повторно...

АКТУЕЛНО

По 60 години се испитуваат магистралните цевководи за Скопје

Градоначалничката Данела Арсовска, како што стои во соопштението, ја промовирала изработката на...

АКТУЕЛНО

Традиционално осветлување на Новогодишната елка во Скопје Сити Мол

Влезете во светот на чудата во Скопје Сити Мол овој декември. Во 18:30...