Денес на територијата на Општина Аеродром започна акцијата за заловување на бездомни кучиња, организирана од тимот на јавното претпријатие „Лајка“. Целта на акцијата е кучињата да го поминат хуманиот третман.
Доколку граѓаните од горенаведените населби имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, нека се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или да пријават на info@lajka.com.mk, соопштуваат од „Лајка“.
Со акцијата оваа недела ќе бидат опфатени селата Долно и Горно Лисиче, населба Лисиче, а следната седмица таа ќе се спроведува во населбите Ново Лисиче, Јане Сандански, Стар Аеродром, Мичурин и Острово.
Leave a comment