ЅВЕЗДИТЕ ВЕЛАТ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП – Големи промени за овие четири знаци

Рибите ќе доживеат судар со реалноста и огромна промена.

Сатурн, планетата на мудроста, за која многумина сметаат дека ни ја одредува судбината влегува во Риби на 7-ми март и сосебе носи големи промени за Стрелците, Рибите, Близнаците и Девиците. На 7.ми март не чека полна месечина во Девица, па навистина ќе го почувствуваме влегувањето на Сатурн во Риби што се случува речиси по 30 години.

ОВЕН (21.3-20.4)

Работа – Венера во аспектот на Јупитер ви носи паричен добиток. Имате одлични можности за заработка. Нагласеното дванаесто поле ви носи многу компликации зад затворени врати, но и многу тајни непријатели на работното место. Во овој период никој околу вас не е онков како што се преставува, па треба да бидете внимателни.

Љубов – Венера во вашиот знак носи страст, авантура, па сте вистинска мамка за луѓето од спротивниот пол. Не ве држи место и ќе имате повеќе прилики за флерт. Неодоливи и привлечни сте за луѓето со кој се сретнувате. Имате харизма поради влијанијата на Јупитер и Венера.

Здравје – Психосоматски проблеми.

БИК (21.4- 20.5.)

Работа – Добрата позиција на Венера ви дава шанса да ги остварите вашите цели на лесен начин. Тоа значи дека ако чекате работна шанса, имате можност да ја добиете. Единаесетото поле ви укажува дека пријателите ви се голема подршка во овој период.

Љубов – Имате сретнато личност која ве убедува во одредени работи, но не гледате никакви конкретни резултати. Тоа ви дава погрешна престава, па не сте сигурни што да мислите. Венера во Овен ве први расположени за флерт. Ве привлекуваат луѓе кои се недостапни.

Здравје – Добро.

БЛИЗНАЦИ (21.5.-21.6.)

Работа – Влегувањето на Меркур и Сатурн во Риби ви носи период во кој ќе донесете клучни одлуки во врска со работата. Не се исклучени опциите за промена на работното место па дури и професија. Случувањата на работното место ќе ви бидат приоритет, по што конечно ќе видите јасна слика за случувањата.

Љубов – Работата ви е главна преокупација, па немате доволно време за љубов. Сепак, во вашиот круг на пријатели се наоѓа личност која може да ви стане нешто повеќе. Станува збор за личност која е дружељубива и упорна. Ви одоговараат луѓе кои се директни.

Здравје – Слабо.

РАК (22.6-22.7.)

Работа – Нагласеното деветто поле ви носи соработка во странство. Можно е далечно патување, но и преселување поради работата. Најдобро би било да работите за странска фирма, можеби и  преку Интернет. Јупитер и Венера во Овен ви носат среќна вест на работното место, па подгответе  се за пресврт.

Љубов – Десетото поле Венера ве условува на флерт на работното место, но тоа не е најдобра идеа. Доколку сте рзведени, можете лесно да го најдете идниот партнер. Од седми март влегувате во стабилен период за емотивни врски, па ќе имате некој кој е грижлив и посветен.

Здравје – Подобро.

ЛАВ (23.7-22.8.)

Работа – Влезот на Сатурн во Риби ви носи големо олеснување на работа, влегувате во постабилен период. Нагласеното деветто поле ви носи можност за патување во странство. Влегувате во добар период за решавање прашања поврзани со наследство.

Љубов – Венера во Овен ви носи средба со патувања. Истотака Сатурн ќе ви донесе средби со разведени луѓе. За некои Лавови ова е период во кој ќе бидат меѓу две врски, па можеби е добар момент да бидете малку сами.

Здравје – Подобро.

ДЕВИЦА (23.8.-23.9.)

Работа – Сатурн во Риби ви носи сериозност, па ќе морате да преземете поголема одговорност. Нагласеното седмо поле е добро за промовирање на сопствениот труд, но и за добивање подршка во јавноста. Сепак, ќе сфатите дека мора да корегирате поединечни ставови, посебно ако имате деловен партнер.

Љубов – Нептун во аспект со Меркур ви укажува да се чувате од измами. Односно, ќе имате познанство со некого кого силно ќе го идеализирате. Внимавајте кому му верувате, никој да не ве излаже. Ова е период кои носи судар со реалноста.

Здравје – Послабо

ВАГА ( 24.9.-23.10.)

Работа – Сатурн влегува во вашето шесто поле и носи големи работни промени во интервал од три години. Ќе морате комплетно да ги промените навиките, а можеби и соработниците. Тоа е еден вид тест на работното место, каде што повремено ќе сакате и да се откажете. Освен тоа, ќе добиете можност за работа со скратено работно време.

Љубов – Главен проблем во односот со партнерот ќе биде комуникацијата. Ниту вие ќе го разбирате партнерот, а ниту тој ќе ве разбере. Ова е период во кој не треба да дозволите тешките зборови да застанат помеѓу вас и саканата личност.

Здравје – Послабо.

СКОРПИЈА (24.10-22.11.)

Работа – Добивате големи ветувања за деловен проект кој нема да се реализира до крајот на месецот. Сепак, треба да ја искористите креативноста што ја имате за да излезете со идни планови кои ќе имаат смисла за вашата работа. Ќе имате можност да направите нешто што ве исполнува.

Љубов – Во фаза сте во која лесно можете романтично да се заљубите во некој што не го гледате реално. Ова е некој кој ви изгледа идеален, но вистинската слика не ви одговара. Можност за запознавање со Риби или Овен.

Здравје – Подобро.

СТРЕЛЕЦ (23.11.-21.12.)

Работа – Аспектот на Венера со Јупитер во Овен треба да го сметате како среќна околност на работа. Може да биде и нова деловна понуда. Расположени сте за брзи промени, а можно е тоа да се случи до 16ти мај. Нагласеното четврто поле ви носи можност за самостоен бизнис или повеќе работа од дома.

Љубов – Венера во Овен, но и Јупитер ви носат ненадејно запознавање на јавно место. Тоа ќе биде некој кој е спортски тип на личност, но има и директен пристап. Една личност ќе ви даде тајни сигнали дека им се допаѓате.

Здравје – Чувствително.

ЈАРЕЦ (22.12.-20.1)

Работа – Полето на комуникација станува едно од најважните за вас во наредниот период, па телефонот ќе ви ѕвони без престан. Влегувате во нов животен циклус со Сатурн во Риби и тој ќе трае околу три години. Треба да се подготвите за големи промени на полето на комуникацијата, но и во начинот на кој ги донесувате животните одлуки.

Љубов – Ќе чувствувате силна привлечност кон еден Овен, но тоа ќе биде краткотрајно. Очекувате да добиете нешто постабилно и тоа може да се случи доколку почекате до втората половина на март.

Здравје – Добро.

ВОДОЛИЈА (21.1.-19.2.)

Работа -. Нагласеното второ поле ви носи подобрување на вашата финансиска состојба. Ќе имате можност да добиете покачување или подобра деловна понуда. Венера и Јупитер во Овен ви носат одлична недела за завршување на документите, а тоа може да биде и договор што ви значи.

Љубов – Сонцето во Риби ви носи судир со реалноста, па ќе мора да ги извадите розовите очила кога е партнерот во прашање. Ќе има недоразбирања и зголемена комуникација, затоа внимавајте како се однесувате со луѓето што ги сакате.

Здравје – Подобро.

РИБИ (20.2.- 20.3.)

Работа – Вие сте знак кои почнувајќи од следната недела, па во следните две и пол години, ќе претрпите најголеми промени, како на професионален, така и на емотивен план. Сатурн, господарот на кармата, влегува во вашиот знак на 7 март и ги прави сите настани судбоносни. Промена на професија, работно место или место на живеење се можни манифестации на Сатурн, кој сака да ги натера луѓето да страдаат, за да им донесе соодветни животни лекции.

Љубов – Меркур во вашиот знак укажува дека интензивно размислувате за една личност. Сепак, треба да имате на ум дека влегувањето на Сатурн во вашиот знак ќе ве промени емотивно. Сите емотивни врски кои ви се важни ќе бидат ставени на тест. Можно е да се одлучите за брак или можеби дури и да бидете сингл.

Здравје – Многу чувствително.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ЅВЕЗДИТЕ ВЕЛАТ

Љубовен хороскоп до 2 март

Венера, планетата на љубовта, е во Водолија заедно со Марс, каде силно...

ЅВЕЗДИТЕ ВЕЛАТ

Неделен хороскоп за 26. февруари до 3. март

Прочитајте го неделниот хороскоп од 26. февруари до 3. март 2024 година...

ЅВЕЗДИТЕ ВЕЛАТ

Нeделен хороскоп од 19. до 26. февруари

Пред нас е недела полна со непредвидливи настани бидејќи во Водолија се...