МОЕ ЗДРАВЈЕ

5 напивки кои морате да ги избегнувате доколку ве мачи висок крвен притисок

Дали утринското кафе е опасно за крвниот притисок? 

Високиот крвен притисок може да биде опасна состојба која може да доведе до развој бна тешки болести, а токму тоа е причината што треба рдовно да го проверувате, за да избегнете можни последици. Добар начин на превенција, но и контрола на крвниот притисок е токму избегнувањето на одредени напивки.

Десет ризик фактори на кои може да влијаеме се: висок крвен притисок, физичка неактивност, несоодветна исхрана, прекумерна телесна тежина, пушење, консумирање алкохол, покачени масти во крвта, дијабетес, депресија и стрес.

Хипертензијата се нарекува и „тивок убиец‘‘ затоа што често нема очигледни симптоми, па се смета за многу подмолна состојба бидејќи луѓето нема да сфатат дека е потребно да се работи на намалувањето на вредностите на крвниот притисок. Доколку сепак се појават симптоми, тие вклучуваат главоболка, замор, конфузија, болка или стегање на градите, промени во видот, мачнина, повраќање, анксиозност, прекумерно потење, бледа кожа или црвенило на лицето и треперење на мускулите.

Хипертензија е покачен крвен притисок кој се дефинира како вредност на систолниот „горен“ притисок трајно повисок од 140 или дијастолниот „долен“ крвен притисок трајно поголем од 90.  „Ако се прашувате што со вашиот крвен притисок и како да го намалите, ова се пет навики кои во голема мера се поврзани со хипертензијата“, вели кардиологот д-р Лук Лафан.

КОИ НАПИВКИ Е ПОДОБРО ДА СЕ ИЗБЕГНУВААТ?

Ако имате висок крвен притисок, важно е и да внимавате што пиете, исто како и на тоа што јадете. Еве кои напивки е подобро да ги избегнувате:

  1. Премногу алкохол

Ако ве мачи висок крвен притисок, можеби треба да ја намалите консумацијата на алкохол, според пишувањето на Мајо Клиника, повеќе од три пијалаци во денот може да го зголеми крвниот притисок, а ако пречесто уживате во алкохолот, промените може да бидат трајни. Според истражувањата, консумирањето седум до 13 пијалаци во една недела е поврзано со покачен крвен притисок.

  1. Засладени напивки

Според нутриционистите, овие напивки кои се полни со додаден шеќер може негативно да влијаат на крвниот притисок. „Тие може да бидат опасни за хипертензијата, па советот да се избегнуваат таквите напивки е добар чекор. Повеќете содржат многу шеќер, што може да доведе до појава на лош холестерол, а така се зголемува и ризикот од дијабетес и болести на срцето ‘‘, вели д -р Едибел Куинтеро. Таквите напивки се поврзани со зголемување на крвниот притисок, што може да го зголеми ризикот од развој на хипертензија.

  1. Енергетски напивки

И овие напивки може да имаат лошо влијание на здравјето, но и да ги зголемат шансите за развој на хипертензија, доколку се пијат постојано. „Неколку студии покажале дека тие предизвикуваат хипертензијата, а една од причините е кофеинот кој го има во енергетските пијалаци кои можат да го зголемат крвниот притисок‘‘, вели нутриционистот Линдзи Делк. Таа предупредува никогаш да не се комбинираат со алкохол.

  1. Не пиете млеко

Можеби ви звучи чудно, но млекото всушност е одлична напивка за крвниот притисок. „Истражувањата покажуваат дека ризикот од висок крвен притисок се зголемува ако не пиете млеко. Обидете се секој ден да го вклучите во исхраната, најмалку 2 шолји“, наведува д-р Делк. Минатогодишно истражување покажало дека консумирањето млеко со низок процент на масти е начин за спречување хипертензија и кај мажите и кај жените.

  1. Пиете премногу кафе

И прекумерното консумирање кафе може негативно да влијае на здравјето и хипертензијата. „Напивки кои содржат кофеин, како чај, кафе, енергетски пијалаци може да го зголемат крвниот притисок. Не е јасно што се случува, но студиите покажуваат дека кофеинот може да го зголеми крвниот притисок. Последиците се краткотрајни, што значи дека крвниот притисок ќе се зголеми брзо откако ќе го испиете кафето. Тој ефект не мора долго да трае, тоа зависи од неколку фактори, како што се колку често пиете кафе и колкава количина‘‘, вели Винченца Зурло, нутриционист.

Ако сте љубител на кафето, а имате зголемен крвен притисок, не мора целосно да се откажете кафето, но секако за тоа пред се разговарајте со лекар кој ќе ви појасни дали тоа негативно влијае на вашето здравје.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Напивки благотворни против анемија

Најчеста причина за анемија (слабокрвност) е недостигот од железо. Без него, човековото...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

СЗО: Прекумерната употреба на антибиотици ја зголемува отпорноста која може да биде одговорна за 10 милиони смртни случаи

Прекумерната употреба на антибиотици опасно ја поткопува нивната ефикасност и ја зголемува...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Жените кои спијат под седум часа на ден се поизложени на опасност од дијабетес 2

Жените кои спијат помалку од седум часа на ден се поизложени на...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Здравата исхрана и физичката активност важни при заштита од бубрежни заболувања

Хроничното бубрежно заболување (ХББ) зафаќа осум до 16 проценти од светската популација....