ИНФО

Водовод ги чистеше шахтите и сливниците

Се интеревенираше на критичните точки во градот, со цел непречена функционалност на атмосферската канализација и спречување на поплави.

Во текот на изминатите неколку дена, во согласност со состојбите на терен и најавите за дожд, екипите на ЈП Водовод и канализација спроведоа активности за расчистување на сливниците и шахтите на сите главни и споредни улици во град Скопје.
Екипите на сектор Канализација, заедно со директорот на ЈП Водовод и канализација, Драган Илиевски, беа на терен и во текот на минатата вечер, спроведоа брза реакција и интервенција на критичните точки во градот, со цел непречена функционалност на атмосферската канализација и спречување на поплави.
Екипите спроведоа активности за одзатнување на канализационата мрежа со цистерна под притисок на улиците  Љуботенски пат, Манчу Матак, Марко Крале, како и рачно чистење на сливници на булеварите Борис Трајковски,  Киро Глигоров, Јане Сандански, но и улиците Чедомир Миндеровиќ, Методија Андонов Ченто, Ѓорче Петров. Истовремено е направена и контрола на шахтите, како и површинско чистење на сливници на улиците Блажо Орландиќ и Тодор Чангов.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

ПЛАНИРАНИ АКТИВНОСТИ: Каде денес ќе нема струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека неколку...

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денес ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, пообилни во...

ИНФО

Нови клупи, зимзелени дрва и лед осветлување во паркот во Радишани

Oпштина Бутел изврши реконструкција на паркот во ТЦ Радишани. „По 25 години...

ИНФО

СКОПСКАТА ПОЛИЦИЈА СО ДНЕВНИ КОНТРОЛИ: Казнети 249 возачи, 71 за возење без возачка дозвола

Сooбраќајната полиција вчера во Скопје изрече 249 казни за сообраќајни прекршоци. Mеѓу...