ИНФО

Нов парк во Аеродром

Парцелите предвидени за изградба на станбени и деловни објекти Општина Аеродром ги замени во места за паркови и зелени површини.

Аеродром е прва општина која избриша маркички за изградба на згради, а на тоа место наскоро започнува изградбата на нов, модерен парк на површина од 5.700 квадратни метри. Во близина на трговскиот центар „Лиса“, на местото каде минатата година беа ибришани две градежни маркички, до крајот на месецот треба да отпочне изградбата на новиот парк со најсовремен изглед и содржини за сите генерации.

Тој е финансиран со средства од буџетот на Општина Аеродром, во партнерство со општествено одговорни компании кои се грижат за животната средина. Аеродром и аеродромци добиваат уште еден зелен проект, парк кој е уште еден важен проект во унапредувањето на урбаното живеење и давањето придонес за чиста и здрава животна средина.-напиша градоначалникот Муцунски.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Нов летен расад низ зеленилото во градот

Со повеќе видови на нов сезонски расад, јавното претпријатие „Паркови и зеленило“...

ИНФО

Ново детско катче и простор за одмор во општина Кисела Вода

Ново детско катче е отворено на улицата „Ѓорѓи Димитров” во Општина Кисела...

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Претпладне сончево, попладне нестабилно и дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд....

ИНФО

20 нови дигитални услуги на новата интернет страница на општина Кисела Вода

Запишување на децата во градинка по електронски пат, пријава за инспекциски служби,...