АКТУЕЛНО

Догодина децата од Пролет и Маџир Маало ќе се згрижуваат во најмодерна градинка

Ова е прва градинка, која по 50 години се гради во населбата Пролет во општина Центар.

Идната година децата од населбите Пролет и Маџир Маало ќе се згрижуваат во нова градинка. Досега, според најавите од Општина Центар на новата градинка се завршени 40 отсто од работите и се работи за современа и најголема детска установа во земјава.

Градинката Пролет ќе може да згрижи 150 дечиња, со што ќе се надмине досегашниот проблем на родителите за запишување на децата во близина на местото на живеење, поради ограничениот капацитет на околните детски градинки.

Установата ќе се простира на бруто површина од 3276 метри квадратни со 9 занимални, со предвидена зелена површина на околу 2.000 квадратни метри, со надворешно игралиште до кое можат да пристапат и деца со попреченост во движењето и со лифт за лица со инвалидитет и попреченост во движењето со што се запазува инклузивноста во воспитно-образовниот процес. Во градинката е предвидено да има и сопствена кујна само за нејзините потребит, со што децата ќе добиваат свежо приготвена и здрава храна, ќе има и просторија за лекар со можност за изолација на дете, доколку е тоа потребно од здравствен аспект, како и просторија за стручни соработници.

Проектот чини 2,5 милиони денари.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...