КУЛТУРА

ДЕНЕС Е ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ДЕН НА АВТОРИТЕ

Кај нас овој ден не се прославува. Се слави денот на книгата на 23 април секоја година и во таа чест се организираат различни настани,попусти и слично за да се популаризира книгата како финален продукт. Меѓутоа пред секоја книга стои автор или повеќе автори!

Авторите треба да бидат качени на пиедестал еден ден во годината, затоа што тие се револуционери на мислата, тие се оние кои отвораат светови, раскажуваат приказни кои дотогаш никој не ги измислил, разгоруваат имагинација и даваат идеи за другите уметности: театар, филм, фотографија, илустрација, дизајн.

Што значи овој ден за сите нас? Ова е одлична можност за да му се заблагодариш на твојот омилен автор, дури и да го запознаеш. Најдобро нешто што можат читателите да направат на овој ден е да купат и да прочитаат нешто интересно, нова книга или на некој начин да дадат поддршка на авторите.

Треба да ја негуваме оваа убава практика за да им покажеме на идните генерации дека моќта на книгите е безвременска.

Кај нас овој ден не се прославува. Се слави денот на книгата на 23 април секоја година и во таа чест се организираат различни настани,попусти и слично за да се популаризира книгата како финален продукт.

Меѓутоа пред секоја книга стои автор или повеќе автори.

На поставеното прашање: Дали сметате дека овој ден треба да се одбележи на некој начин и во нашата земја, добивме различни одговори од дел од македонските автори?

Бистра Георгиева: Убаво е секогаш славењето! Апсолутно е убаво таков ден да се прославува и кај нас и тоа да биде причина за организирање различни настани со кои би се кревала свеста дополнително за читање. На тој начин се популаризира уште еднаш важноста на книгата!

Ана Аврамовска:Славењето на Денот на авторите може да биде еден одличен начин за препознавање на придонесот кој што авторите го имаат и нивното влијание врз општетството, уметноста и на сите останати кои што творат. Дополнителна можност да се прослави таа моќ на зборовите и на приказните.

Во Австралија се прославува Денот на читањето, што е многу важно за поттикнување на оваа навика. Се организираат настани како настан за читање во библиотеките, училиштата, авторите гостуваат во книжарници, образовни институции каде зборуваат за процесот пишување книга и нивните искуства како автори.

Наташа Сарџоска: Мислам дека оваа професија со технолошките придобивки полека изумира. Вештачката интелигенција ќе ги пишува книгите наместо нас, авторите.

Петар Андоновски: Ништо не ми значи и смешни ми се тие поединечни одбележувања на денови, како што се 8-ми март и слично.

Фросина Пармаковска: Не треба! Секој ден треба да се слават авторите!

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Министерството за култура го објави конкурсот за Град на културата за 2024 година

Министерството за култура го објави конкурсот за финансирање проект од национален интерес...

КУЛТУРА

Седмо издание на „Винодонија“ на 8. и 9. декември во Скопје

На 8 и 9 декември во Скопје ќе се одржи седмото издание...

КУЛТУРА

Премиера на претставата „Пикник на фронтот“ во Драмски театар Скопје

Премиера на претставата „Пикник на фронтот“ вечерва ќе се одржи во Драмскиот...

КУЛТУРА

Операта „Кармен“ од Жорж Бизе вечерва во НОБ

Операта „Кармен“ од Жорж Бизе, ќе се изведе на сцената на Националната...