МАГАЗИН

Љубезноста не прави подобри луѓе

Не сме ни свесни за тоа колку добро влијае кажувањето љубезен збор и срдечен поздрав на нас и на луѓето околу нас.

Дали некогаш сте се запрашале колку би бил поубав денот доколку сите сме позитивни, со насмевка на нашите лица? А, тоа пак е толку едноставно, може да започне од мене, од тебе, па ајде да почнеме да го менуваме светот!

Насмевката никогаш не повредила никого

Повеќето од нас, не сме ни свесни дека во процесот на смеење, нашиот мозок ослободува ситни молекули наречени невропептиди што ни помагаат во борбата против стресот. Истите употребени мускули го поттикнуваат нашиот мозок да произведува повеќе ендорфини и серотонин кои делуваат како благо ублажување на болката, додека серотонинот е антидепресив.

Да си помагаме меѓусебно

Секој од нас во нашите домови има нешто што не го користи и залудно стои на полицата со години, додека пак истото нешто некому ќе му измами насмевка на лицето и ќе му користи. Помагањето на другите води до зголемена социјална група што ни помага да водиме поактивен животен стил. Ајде да ја кренеме свеста и да ги донираме оние работи кои не ги користиме!

Поздравувајте ги луѓето

Краткото „добар ден“, „здраво“ и „како сте“  навистина може да направи промена кај нас и луѓето кои ги сретнуваме. Поздравувањето ја гради нашата самодоверба и не прави поотворени кон нив. Тоа не разведрува и позитивно влијае на денот што следи пред нас.

Не плашете се да кажете „ве молам“ и „благодарам“

Дали сте запознаени со фактот дека луѓето кои ги користат овие зборови имаат позитивни емоции, спијат подобро, искажуваат повеќе чувства и љубезност кон другите. Затоа, одвојте кратко време и кажете ги овие магични зборови.

Важноста на извинувањето

Извинувањето е алатка во комуникацијата која може да ни симне голем товар од грбот, и може да го поправи односот со нашата пријателка. Искреното извинување покажува дека ни е жал за нашите постапки и дека сакаме да се подобриме. Исто така отвара шанса и другата личност да ги покаже својте чувства.

Ценето го времето на другите

Учтиво е да ги сослушаме лугето со кои зборуваме и да бидеме разбирливи со нив. Ако им покажеме дека ги слушаме и дека ги разбираме, нашите соговорници ќе бидат поотворени да нè ислушаат и да го прифатат нашето мислење.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Совети за родители и поуспешни деца

Начинот како се разговара со децата и како родителот се однесува во...

МАГАЗИН

Марго Роби подготвува филм за играта „Монопол“

о светскиот успех на филмот „Барби“, Марго Роби повторно му се навраќа...

МАГАЗИН

И покрај благодетите на јаболката, постои момент кога не смеете да ги консумирате

Она што повеќето луѓе не го знаат е дека постои одредено време...

МАГАЗИН

Минатиот месец забележан како „најтоплиот март“ во светот

Минатиот месец беше „најтоплиот март“ забележан на глобално ниво, според мерењата направени...