ИНФО

Како се станува волонтер во Црвен Крст

Волонирањето е одлична можност поединците да бидат дел од една поширока социјална група, да соработуваат и да изградат нови пријателства. Исто така е одлична можност за личен развој, соработка и дружење.

Доколку сакате да станете дел од големото хумано семјство на Црвен крст потребно е да ја пополните  пријавата која може да ја најдете на нивната веб страница. Да се биде член на таква организација значи да се извршуваат активности под мотивирана и слободна желба.

Волонтер може да станете на една од 33те општински организации каде што и ќе бидете спроведени низ организациска обука соогласно задачите и активностите кои се извршуваат. Волонтер во редовите на млади може да биде секоја личност на возраст до 30 години без разлика на националноста, верска припадност, образвониот профил и професијата. 

Црвениот крст на РСМ е формиран на 17 март 1945 година додека полноправен член на Меѓународната федерација на националните друштва станува на 27 ноември 1995 година. Мисијата на оваа хуманитарна организација е спречување и ублажување на човековото страдање, заштита на животот и здравјето, унапредување на социјалната состојба, обезбедувајќи почит и достоинство за човековото битие. 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со слаб ветер

Времето денес ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од...

ИНФО

Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче”

Општина Центар ја отстрани рампата на улицата „Наум Наумовски Борче” кај хотел...

ИНФО

Санкционирани 129 возачи во Скопје

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 129 мерки, меѓу...

ИНФО

Голем Хепенинг во сабота во парк на Франкофонија

Општина Центар организира хуманитарен концерт со цел собирање срества за лекување на Кара...