СКОПСКИ ВЕСТИ

ФОРМИРАНО ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ – Општина Центар сама ќе произведува струја

Герасимовски вели дека со формирање на претпријатието Општината ќе биде енергетски независна. - Фото: Општина Центар

Општина Центар сама ќе произведува струја. На последната седница на Советот на Општина Центар беше донесена одлука за основање на јавно претпријатие за производство и продажба на струја од обновливи ресурси кое ќе се вика „Енергија Центар“.

Како што кажа градоначалникот Горан Герасимовски со формирање на ова претпријатие Општината ќе биде енергетски независна и самоодржлива и во нејзиниот развој ќе се користат природните ресурси и потенцијали.

„Со формирањето на трговското друштво се овозможува и олеснува процедурата и постапката за инсталирање на поголеми фотоволтаични системи на јавните објекти, односно основни училишта, детски градинки, урбани заедници и други објекти под надлежност на општината“, објаснуваат од Центар.

По стручно извршената анализа од Фондацијата „Фридрих Еберт“, Општина Центар е убедена дека центарци повеќе нема да се соочуваат со ценовни шокови на струја.

Од Општината сметаат дека инвестицијата во ова претпријате, која би изнесувала околу еден милион евра, ќе се врати за приближно четири до пет години.

Трговското друштво за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори на Општина Центар ќе врши дејности врз основа на лиценца издадена од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СКОПСКИ ВЕСТИ

Утре ќе се одржи првиот „Dog Fest” во Скопје

Утре (18 мај) со почеток во 12 часот во „Hera Happy friendly...

СКОПСКИ ВЕСТИ

„Радикално Навивање“- Изведба за танцот како форма на протест

Локомотива ги кани гледачите да ја проследат  „РАДИКАЛНО НАВИВАЊЕ“, втората претстава во рамки...

СКОПСКИ ВЕСТИ

В сабота герила акција „Трчаме за чиста Матка“

Комисијата за животна средина при Федерацијата на планинарски спортови, оваа сабота, на...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Во Скопје се отвори прв Центар за поддршка и советување на мажи

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување вчера во Скопје отвори...