КУЛТУРА

Муабетевме со режисерот Ѓорѓи Ризески:„Мојот најголем страв е да не работам театар“

„Театарот постои само кога се случува, затоа е најсега и тука уметност“

Вечерва во МКЦ Скопје, премиерно ќе се одржи тетарската претстава „Нерон“ во режија на Ѓорѓи Ризески, по текст на Христо Христов. Тоа беше повод да поразговараме со режисерот околу неговата работа, за која ќе каже дека негов најголем страв е да не работи театар!

Како што вели режисерот: „Ова е проект со длабока философија, чија идејна порака е да се шири мир и љубов, затоа што Нерон е Нерон, апсолутен психопат, но во било која фабула основата е таа, внатрешен мир и љубов е она по кое сите копнееме“.

Ѓорѓи Ризески со своите 31 година има режирано околу 30 претстави и има добиено многу награди за неговата работа.

„Театарот постои само кога се случува, затоа е најсега и тука уметност“ – потенцира Ризески, сакајќи да ја објасни лагата на вечноста, која другите уметности безмалку ја применуваат.

Режисер: Ѓорѓи Ризески

Како што кажува тој, има соработувано и со многу актери од постарата фела, но и со многу млади: „Младите значат нова енергија,ново време, нивна философија; другите пак носат искуство, зрелост и симбиоза на старите и новите во една претстава е полн погодок“.

На прашањето како Нерон се доживува од денешен аспект, тој истакнува дека Нерон е реинкарниран во Хитлер, Мусолини и многу други нацисти, фашисти кои постојат денес.

Според него најголем проблем е тоа што сите уметници не творат од денешен аспект, низ призмата на времето во кое живеат! Како пример ја зема Викенд на мртовци кога Цанде се јавува на видеокол од центарот на градот, прикажан на видео бим.

„Превод на времето е она кое се обидувам да го направам во сите мои дела“, – вели Ризески.

Ризески зад него има многу успешни претстави, а мерило за успешна претстава според него е колку изведби имала. Во неговото портфолио може да се најдат неколку претстави со над 70 изведби и тоа како независни проекти.

„Секоја претстава треба да се изигра минимум 50 пати, а кај нас буквално има претстави што се играат 2-3 пати, што е навистина поразително.“ – истакнува тој за читателите на 091info.mk.

Која е твојата идеја за совршена среќа? Баланс помеѓу телото, душата и умот.
Кој е твојот најголем страв? Да не работам театар.
На кој жив човек најмногу му се восхитуваш? На сопругата, таа за мене е вистински херој.
Кое е најценетото нешто кое го поседуваш? Семејството.
Што е најмизерно, според тебе? Луѓето да не се спознаат себеси и да не го прават тоа што го сакаат.
Која е твојата најизразена карактеристика? Упорност.
Во кои околности лажете? Лажам за глупости, никогаш не лажам за сериозни работи.
Кои зборови и фрази најмногу ги употребувате? Не знам
Која е твојата перцепција за Скопје? Скопје е мој град!

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Изложба на фотографии на украинска визуелна уметница Софија Чотирбок

Во Националната Галерија Мала Станица се отвара изложбата на фотографии насловена како...

КУЛТУРА

Традиционален „Зимски салон 2024“ на ДЛУМ во Чифте амам

„Интимност и интерконекција“ (Intimacy and Interconnection) е насловот на биеналната изложба „Зимски...

КУЛТУРА

„Кобалт Синергија“ во галеријата на МКЦ

Во галеријата на Младински културен центар во Скопје овој петок (23 февруари)...

КУЛТУРА

Театарскиот перформанс „Лилит“ во КСП Центар-Јадро

Денес со почеток во 20:00 часот во КСП ЦЕНТАР ЈАДРО, ќе се...