МОЕ ЗДРАВЈЕ

Колку калории во просек се трошат со пешачење?

Во комбинација со здрава исхрана и начин на живот, вклучувајќи управување со стресот, соодветен сон и вежбање, пешачењето дефинитивно може да помогне во вашите напори за намалување на телесната тежина.

Пешачењето не само што има многу мало влијание на вашите зглобови (во смисла на повреда), туку можете да го практикувате насекаде, од шетање низ соседството до одење на лента за трчање во вашата дневна соба. И бројот на калории согорени со одење може да биде значителен, што на крајот може да ви помогне да ја намалите телесната тежина ако тоа е вашата цел. Тоа е една од најдобрите вежби за слабеење. Во комбинација со здрава исхрана и начин на живот, вклучувајќи управување со стресот, соодветен сон и вежбање, пешачењето дефинитивно може да помогне во вашите напори за губење на вишокот килограми.

Одењето го забрзува метаболизмот со зголемување на потребата на телото за енергија. Со други зборови, помага во согорувањето на калориите. Сè што го движи вашето тело согорува и калории. На телото му обезбедуваме енергија преку храната, а потоа пасивно ја трошиме преку физиолошките функции на телото (дишење или варење на храната) и активно движење (одење или вежбање).Освен што го забрзува метаболизмот, пешачењето го намалува нивото на хормоните на стрес, како на пример кортизолот, кој може да придонесе за зголемување на телесната тежина.

Високото ниво на кортизол може да доведе до формирање на масни наслаги на стомакот. Освен што согорува калории, пешачењето може да помогне и во ослободување од стресот, што може да доведе до побрзо слабеење. Кога не спиеме доволно, имаме тенденција да избираме нездрава храна и да копнееме за храна која е богата со сол и шеќер. Пешачењето може да помогне да се троши вишокот енергија, како и да се опушти умот, а тоа придонесува за поквалитетен и порелаксиран сон. Пешачењето помага и за кардиоваскуларната издржливост, јачината на мускулите и коските и помага да се одржи здрава телесна тежина и да се ослободите од вишокот маснотии.

Количината на калории што ќе ги согорите се одредува според возраста, висината и тежината, како и од интензитетот, времетраењето и ритамот на одење. Колку сте потешки, толку повеќе калории ќе согорите. Во просек, човек со околу 68 килограми ќе потроши околу 100 калории на секои 1,6 километри одење со умерено темпо, а човек со тежина од 54 килограми ќе потроши околу 85 калории на исто растојание и со исто темпо на одење. Личност со околу 68 килограми ќе троши околу 115 калории на 1,6 км при брзо одење, додека во исти услови лице со тежина од околу 54 килограми во просек ќе троши 100 калории на 1,6 км.

Дали внесувате доволно калории?

Ако не користите бројач на калории, може да биде прилично збунувачки да знаете дали согорувате доволно калории додека одите. Добрата вест е дека доволно е да го набљудувате вашето тело за да знаете дали вежбате со доволен интензитет. Дали некогаш сте останале без здив додека вежбате или пешачите? Тоа е прилично добар показател дека вежбате напорно. Треба да се стремите да се испотите малку и да останете без здив ако зборувате додека одите. Ако практикувате побавно темпо на подолго пешачење со цел да ја зголемите издржливоста, стремете се кон тоа вашата стапка на воочен напор да биде 6 од 10. Стапката на воочен напор е начин да се измери колку тешко некој прави физичка активност на скала од 1 до 10.

Дали се храните правилно?

Исхраната е клучен аспект на слабеењето и не можете да ја „поправите“ лошата исхрана со вежбање. Диетата е главниот начин за слабеење, но за жал повеќето луѓе премногу му даваат значење на вежбањето. Количината на калории што вашето тело ги согорува се одредува според вашата возраст, висина и тежина, па можете да користите калкулатор за слабеење или да разговарате со вашиот матичен лекар за да одредите колку точно калории треба да согорувате секој ден.Но, денес можете да започнете едноставно со тоа што ќе донесете одлука за поздрава храна. Златното правило е дека вашиот оброк треба да содржи 40 проценти јаглехидрати, 30 проценти протеини и 30 проценти масти. Зајакнете ја вашата исхрана со соја, растителни протеини, здрави масти, зеленчук и влакна, како оние од овошјето или интегралните житарки. Избегнувајте ги скриените калории во засладените пијалаци, прекумерното внесување алкохол, рафинираниот шеќер и инстант-кафенапивките.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Совети околу тироидната жлезда

Тироидната жлезда е одговорна за лачењето хормони коишто регулираат многу од витални...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Зошто е добро да се пие сок од пченица?

Ако некогаш сте пиеле светло зелен сок или смути, голема е веројатноста...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Оревите помагаат во превенција на Алцхајмерова болест

Врската помеѓу исхраната и здравјето на мозокот е непобитна. Одредена храна е...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Со правилно дишење може да ги намалите здравствените проблеми

Иако честопати се заборава, еден од најдобрите начини да се решат некои...