АКТУЕЛНО

СКОПЈЕ ЧЕТВРТИ МЕСЕЦ БЕЗ РЕДОВЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ – Автобус се чека по еден саат, а кога ќе дојде патниците се како риби сардини

Sponsored By:
Откако во ноември приватните превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ престанаа да возат вистинско мачење е движењето за граѓаните кои користат јавен превоз. Фото: Данаил Петровиќ

Четврти месец главниот град е без редовен јавен превоз. Откако во ноември приватните превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ престанаа да возат оти ЈСП „Скопје“ и Градот не им плаќаа, вистинско мачење е движењето за граѓаните кои користат јавен превоз. Нема доволно автобуси, на станиците се чека и по еден час, а кога ќе дојде автобус, тој е преполн и да не може сите патници да се качат во него.

Приватните превозници со 200 автобуси беа дел од градскиот и приградскиот превоз над 20 години бидејќи ЈСП „Скопје“ нема доволно автобуси и без нив јавниот превоз не може да функционира редовно и навремено. Во времето на ексградоначалникот Коце Трајановски тие беа вклучени во единствениот тарифен систем и ЈСП „Скопје“ им исплаќаше по едно евро за секој изминат километар. ЈСП овие пари ги добиваше како субвенции од Град Скопје поради лошата финансиска состојба во која претпријатието се наоѓа со години.

Со доаѓањето на функција на градоначалничката Данела Арсовска, на приватните превозници престана да им се плаќа за секој изминат километар, и тие всушност со месеци возеа без пари, а гориво ставаа од сопствен џеб. Долгот на Градот кон „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ стаса до 1,5 милиони евра, по што тие престаа да возат, а Арсовска ги раскина договорите, притоа не признавајќи дека Градот и ЈСП имаат долг кон нив.

Арсовска која во изборната кампања вети брз, ефикасен и бесплатен превоз, не признава дека автобусите се нередовни иако тие сега возат со редуциран возен ред, а некои линии се и укинати. Изминативе четири месеци тврди дека автобуси има и дека таа спроведувала реформи во јавниот превоз.

Наспроти ваквите изјави на градоначалничката Арсовска патници секојдневно се жалат и реагираат на нередовниот превоз, а најголем проблем имаат жителите на приградските населби кои ги користат линиите 23, 41, 45, 50, 52, 53, 54, 62, 63, 68. Овие автобуси ги нема со саати.

„Нема автобуси и по еден час, кога ќе пристигне преполни се, сликата е како да снимаме реклама за риба сардина. Честопати не знаеме кој автобус ќе вози, затоа што распоредот на интернет порталот кажува едно, а на улиците нигде нема автобуси. Како да живееме во планина“, вели жител на населбата Хиподром.

„Многу се ретки, а кога ќе дојдат се преполни. Се случува да нема место да се качиме или во простор од еден квадрат да има повеќе од 10 патници и да неможе да се симнеме. Се чека подолго, морам да тргнам многу порано од дома, да не зборам колку пати поради гужвите автобусите стојат подолго на станица бидејќи се губи време за качување и симнување.  Ми се случува и покрај тоа што имам месечен билет да плаќам и такси. Страшно и жално“, вели Марија жителка на населбата Ченто.

Жители на населбата Ѓорче Петров и Аеродрoм велат дека ако порано автобуси имало на 10 или 15 минути, сега чекаат од 20 минути до половина час.

„Автобуси со број 9 има многу ретко и секојдневно се случува да доцнат. Додека имаше приватни автобуси од работа до дома стигнував за 35-40 минути со два автобуси, сега ми треба од 70 до 90 минути. Заради големите гужви во автобус не се чувствувате како човек, состојбата е нехумана“, вели Игор од Топанско поле.

Иако градоначалничката Арсовска тврди дека нема недостиг на автобуси, сепак во декември лани распиша оглас за избор на приватни превозници, но на него никој не се пријави. Приватниците рекоа дека не се пријавиле на огласот бидејќи не ѝ веруваат на градоначалничката која изминативе месеци не сакаше да има средба со нив и тврдеше дека нема долг кон нив.

На почетокот на февруари дел од приватните превозници конечно беа примени на средба во Град Скопје, по која рекоа дека се задоволни од разговорите и очекуваат нивниот проблем да биде конечно решен. Но, еден месец подоцна не е ништо сменето и ситуацијата со јавниот превоз е иста.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Утре бесплатен разглед на Скопје по повод Светскиот ден на туристички водичи

По повод Светскиот ден на туристички водичи, Македонската aсоцијација на туристички водичи...

АКТУЕЛНО

Прва канцеларија за родителство во Карпош

Во рамки на програмските активности на Општина Карпош, денес се одржа работен...

АКТУЕЛНО

Поставени две кутии за донација пред влезот на ЗОО

Скопската Зоолошка градина се приклучува на хуманитарната акција за успешно лекување на...

АКТУЕЛНО

Нов кош, голчиња и детски реквизити на спортските и на детското игралиште во населбата Пролет

Општина Центар ги реконструираше малото фудбалско, кошаркарско и детското игралиште во населба...