АКТУЕЛНО

ОСНОВНИ УЧИЛИШТА- Учениците и наставниците ќе добијат парични награди за освоени меѓународни и државни натпревари

На повикот објавен може да се пријават ученици и наставници од основни училишта и ментори за меѓународен натпревар одржан во учебната 2022/2023 година.

Министерството за образование и наука објави повик за доделување парични награди за основните училишта кои ќе освојат прво, второ или трето место на меѓународните и државните натпревари по математика, информатика и природни науки. Пријавите може да се доставуваат секој работен ден до Министерството најдоцна до 31.08.2023 година.

Повикот за доделување парична награда за освоена прва, втора или трета награда или златен, сребрен, односно бронзен медал на меѓународен натпревар од областа на математиката, информатиката и природните науки е за ученикот, наставникот кој му го предава предметот од овие области, како и на менторот кој го подготвувал ученикот за натпреварот.

Како што е наведено во повикот објавен на веб-страницата на МОН, може да се пријават ученици и наставници од основни училишта и ментори за меѓународен натпревар одржан во учебната 2022/2023 година.

МОН ќе додели поединечно парична награда во износ од 100 отсто од просечната нето-плата во државата исплатена во последниот месец пред доделувањето на наградата за освоена прва награда/златен медал, 80 отсто за освоена втора награда/сребрен медал и 60 отсто за освоена трета награда/бронзен медал.

Во повикот е напомнато дека нема да се доделуваат награди за меѓународни натпревари кои се спроведуваат по електронски пат на далечина, за меѓународните натпревари кои се однесуваат на проекти, ниту за освоени први, втори или трети места на натпреварот за популаризација на математиката „Кенгур”.

МОН објави и јавен повик за доделување парични награди за освоено прво место на државен натпревар во основно образование за ученик и неговиот наставник.  Натпреварот треба да биде организиран од акредитирано здружение на наставници.  

Барањата од ученикот, односно од неговиот наставник за исплата на парична награда за  освоено прво место на  натпревар на државно ниво во учебна година, се доставуваат до Министерството најдоцна до 31 декември во тековната година кога е организиран натпреварот.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Истражување: Прегратката го прави детето поинтелигентно

Секојдневната прегратка, што родителите можат да му ја пружат на детето –...

АКТУЕЛНО

Град Скопје го одбележа 1 Март – Денот на нулта дискриминација

Градоначалничката на Град Скопје, денеска во средното училиште на Град Скопје „Јосип...

АКТУЕЛНО

На 30 хонорарци им се прекинати договорите во МКЦ

Со одлука на директорот на МКЦ, Арбен-Бени Шаќири, на 30 хонорарци од...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: Еколошката свест кај децата носи зелена и одржлива иднина

Во рамки на кампањата „Редуцирај. Селектирај. Рециклирај”, и Меморандумот за соработка кој...