СКОПСКИ ВЕСТИ

ОПШТИНА КАРПОШ-Ќе се поставуваат фотоволтаици во две училишта

Фотоволтаици ќе се постават на училиштата „Владо Тасевски“ и „Војдан Чернодрински“

Општина Карпош за да ги намали сметките за струја почнува со проект за поставување на фотоволтаици на покривите на основните училишта. Најпрво фотоволтаици ќе се постават на училиштата „Владо Тасевски“ и „Војдан Чернодрински“, а парите ќе се обезбедат преку Бирото за регионален развој.

„Во партнерство со општините Кисела Вода, Сопиште и Зелениково ќе поднесеме апликација за добивање на грант во висина од 7.500.000 денари од Бирото за регионален развој. Станува збор за проект кој вклучува поставување на фотонапонски модули на кровните површини во неколку основни училишта, кои се наоѓаат на територијата на горенаведените четири општини. Претходно ќе биде изработен основен проект индивидуално за секое училиште во кое ќе бидат поставени фотоволтаици“, велат од Општина Карпош.

Вкупната вредност на целата инвестиција вклучувајќи ја и изработката на основниот проект е околу 12 милиони денари. Општина Карпош во проектот ќе учествува со сопствени средства од 1.000.000 денари.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СКОПСКИ ВЕСТИ

МОН објави конкурс за учебници за седмо одделение кои ќе се користат од наредната учебна година

Министерството за образование и наука – Педагошка служба денеска објави Конкурс за...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Аеродром ги прими учениците од основното училиште „Лазо Ангеловски“

Општина Аеродром продолжува со активностите во чии рамки учениците се запознаваат со...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Небото е тематски двигател на изложбата „Синестетички релации“

Во Центарот за култура „Ѓорче Петров“ во Скопје денес со почеток во...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Земени мостри за утврдување дали отпадот кај Орман е токсичен

Прекршочна или кривична пријава или, пак, само опомена ќе заработат надлежните за...