СКОПСКИ ВЕСТИ

ОД 25 ДО 250 ДЕНАРИ – Каде е најевтино да се паркирате во центарот на Скопје?

Најскапо е паркирањето на ПОЦ, спроти Соборен Храм каде еден час чини 250 денари.

Паркирањето на јавните паркиралишта во Скопје е регулирано од две претпријатија – ЈП Градски паркинг и ЈП Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ). За еден час паркирање во центарот на Скопје на јавните паркиралишта на Градски паркинг најевтино ќе платите ако возилото го оставите на улиците кои се означени со зона С, каде еден час паркирање чини 25 денари. Ако се одлучите автомобилот да го оставите на паркинг на ПОЦ, тогаш за да платите најевтино, треба да ја користите Зона 2, каде цената е 60 денари од час.

Во зона С, на Градски паркинг спаѓаат улиците: Мирослав Крлежа (кај Министерство за култура), Коста Шахов (позади студентскиот дом Кузман Јосифовски – Питу), Дебарска, Никола Тримпаре (улицата пред основното училиште Песталоци), Костурски херои (кај Универзална сала), Ленинова. Во иста зона спаѓа и улицата Стале Попов, спроти Депо Пајак, како и паркиралиштето кај Транспортен центар. 25 денари чини еден час паркирање и кај МАНУ, МТВ и Судска палата, Зоолошка градина, Градско Собрание, како и булеварите Кочо Рацин (од Западна страна), Гоце Делчев ( од Северна страна) и улицата Кеј Димитар Влахов (од Јужна страна)“.

Најскапо е паркирањето во зоните А, односно АО, каде за еден час ќе треба да одвоите од 40 до 75 денари. Тука спаѓаат Водно, кај манастирот Св. Пантелејмон, Средно Водно, улицата Максим Горки, булеварот ВМРО (кај Агромеханика), улицата Даме Груев (позади Собрание и кај полициска станива Беко), на улицата Орце Николов и кај Камениот Мост.

Паркирањето на паркинзите на ПОЦ е речиси двојно поскапо од она на Градски паркинг.

Јавните паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ се поделени на 3 три паркинг зони, Зона 0, Зона 1 и Зона 2.

Во Зона 0 се опфатени улиците: 8. Ударна бригада, Лермонтова, Никола Кљусев, Максим Горки, Наум Наумовски-Борче (делот пред раскрсницата помеѓу бул. ВМРО и бул. Партизански Одреди), Скопска и Орце Николов (од бул. ВМРО до Плоштад Македонија). Цената за 1 час паркирање во Зона 0 чини 100 денари. Во Зона 1 се опфатени сервисните и станбени улици во Сектор Дебар Маало, Сектор Парк и Сектор Буњаковец. Цената за 1 час паркирање во оваа зона е 70 денари. Во Зона 2 се опфатени сервисните и станбени улици во Сектор Капиштец и Сектор Пролет. Цената за 1 час паркирање во Зона 2 изнесува 60 денари.

Најскапо паркирање во градот е на паркингот спроти Соборниот Храм, со кој стопанисува јавното претпријатие на Општина Центар, каде еден час е 250 денари.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СКОПСКИ ВЕСТИ

МОН објави конкурс за учебници за седмо одделение кои ќе се користат од наредната учебна година

Министерството за образование и наука – Педагошка служба денеска објави Конкурс за...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Аеродром ги прими учениците од основното училиште „Лазо Ангеловски“

Општина Аеродром продолжува со активностите во чии рамки учениците се запознаваат со...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Небото е тематски двигател на изложбата „Синестетички релации“

Во Центарот за култура „Ѓорче Петров“ во Скопје денес со почеток во...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Земени мостри за утврдување дали отпадот кај Орман е токсичен

Прекршочна или кривична пријава или, пак, само опомена ќе заработат надлежните за...