СКОПСКИ ВЕСТИ

ОДЛУКА – Одобрени нови тарифи за поскапа вода

За да поскапи водата сега треба најпрво на редовна седница на Регулаторната комисија да се донесе одлука за новите тарифи, а потоа скопски „Водовод“ треба да предложи зголемување на цената до Советот на Град Скопје, која за да стапи на сила треба да ја изгласаат мнозинството советници.

Сметките за вода во Скопје ќе поскапат. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на подготвителна седница одобри поскапување на водата од 0,76 до 3,4 денари по кубик откако ЈП „Водовод и канализација“ побарало корегирање на тарифите.

Јавното претпријатие лани во ноември доставило барање до Регулаторна за зголемување на тарифата за водоснабдување, собирање и одведување на отпадни води и прочистување на отпадни води.

„На 11 ноември лани беше доставено барање со кое се бара зголемување од 2,5 до 5,3 денари по метар кубен. Образложението за зголемување на цената е поради поскапувањето на струјата која довела до зголемени трошоците на претпријатието“ велат од Регулаторната комисија.

За да поскапи водата сега треба најпрво на редовна седница на Регулаторната комисија да се донесе одлука за новите тарифи, а потоа скопски „Водовод“ треба да предложи зголемување на цената до Советот на Град Скопје, која за да стапи на сила треба да ја изгласаат мнозинството советници.

Од „Водовод“ откако во медиумите се објавија новите тарифи рекоа дека зголемување на цената нема затоа што такво барање не доставиле до Советот на Град Скопје. Велат дека “во согласност со Законот за утврдување цени на водните услуги се доставува известување за зголемените трошоци на претпријатието по основ на електрична енергија и енергенси во форма на барање за утврдување на тарифите за водните услуги, барање кое е доставено во 2022 година“.

Од Регулаторна после ова изјава рекоа дека „Водовод“ лажат дека не сакаат да ја зголемат цената на водата и ги објавија официјалните барања за промена на тарифите.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СКОПСКИ ВЕСТИ

МОН објави конкурс за учебници за седмо одделение кои ќе се користат од наредната учебна година

Министерството за образование и наука – Педагошка служба денеска објави Конкурс за...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Аеродром ги прими учениците од основното училиште „Лазо Ангеловски“

Општина Аеродром продолжува со активностите во чии рамки учениците се запознаваат со...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Небото е тематски двигател на изложбата „Синестетички релации“

Во Центарот за култура „Ѓорче Петров“ во Скопје денес со почеток во...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Земени мостри за утврдување дали отпадот кај Орман е токсичен

Прекршочна или кривична пријава или, пак, само опомена ќе заработат надлежните за...