МАГАЗИН

Нетфликс отсега со намалена претплата

За претплатниците во земјава сега цената е меѓу 4,99 и 9,99 евра, во зависност од пакетот. 

Најпознатата страница за филмски и телевизиски содржини Нетфликс  ја намали цената на претплатата во Северна Македонија и во уште триесетина земји низ светот, во обид да привлече повеќе корисници.

Во некои земји цената е преполовена. За претплатниците од Северна Македонија цената сега е меѓу 4,99 и 9,99 евра, во зависност од пакетот.  Основниот пакет сега изнесува 4,99 евра (наместо 7,99 евра), стандардниот чини 7,99 евра (наместо 9,99 евра), а премиум пакетот чини 9,99 евра (наместо 11,99 евра). Цените се намалени и во други земји од регионот – Србија, Албанија, Бугарија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина.

Од компанијата најавуваат дека има промени во семејните пакети, при што една претплата ќе опфаќа само еден корисник, со доплаќање за секој нов корисник во пакетот.

„Настојуваме да услужиме повеќе корисници низ светот, во обид да испорачаме соодветна вредност за парите. Има многу луѓе во земјите во кои не сме навлегле подлабоко и имаме повеќе можности да ги привлечеме“, велат од Нетфликс.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Објавени годинашните доделувачи на „Оскарите“

Крис Хемсворт, Двејн Џонсон, Зендеја, Мишел Фајфер, Бед Бани, како и оскаровците...

МАГАЗИН

Истражување: Поголема поддршка за да се избегне „изгубена генерација“ поради лошо психичко здравје

Младите Британци сè повеќе страдаат од проблеми со психичкото здравје што ја...

МАГАЗИН

ЛАЈКА: Причини зошто треба да имате трпение со куче вдомено од прифатилиште

Има неколку причини зошто трпението е важно кога се вдомува куче од...

МАГАЗИН

Науката ги одреди најпаметните раси кучиња

Обемно лабораториско истражување за интелигенцијата на кучињата коешто го спроведоа научници од...