МОЕ ЗДРАВЈЕ

МОЖЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНИТЕ ВЕДНАШ: Ова се три важни навики на најдолговечните луѓе на светот

Џули Нгуен, претприемач и нутриционист, живеела на Икарија еден месец и научила неколку важни лекции.

Постои мал грчки остров Икарија каде повеќе од 30 отсто од локалното население живее повеќе од 90 години. Всушност, „Студијата за Икарија“ е направена за да се дознае повеќе за начинот на живот на нејзините жители. Ова ги вклучува нивната исхрана, нивото на физичка активност, социјалниот живот и она што ги прави среќни.

Можеби сте слушнале за тој остров бидејќи припаѓа на пет светски региони кои се сметаат за сини зони. Ова се местата каде луѓето живеат најдолг и најздрав живот во светот. Сините зони се наоѓаат и на островот Окинава во Јапонија, провинцијата Оглиастра во Сардинија, полуостровот Никоја во Костарика и Лома Линда во Калифорнија. Ова ја поттикна Џули Нгуен, претприемач и нутриционист, да живее на овој грчки остров еден месец. Ова се лекциите кои ги научила за време на нејзиниот престој.

Искористете го времето за да ги подобрите односите, а не само продуктивноста

Нгуен имала трнлив почеток на нејзината едномесечна авантура. На пат од аеродромот погрешив и за малку ќе слетав од карпа. Мештаните ми дојдоа на помош, го зедоа јажето од детската лулашка и со часови смислуваа како да ме извлечат изјави таа.

Нгуен вели дека тоа било прв пат во нејзиниот живот група странци да и помогнат.

„Никогаш не знаев дека можам да се чувствувам толку поддржана и безбедна меѓу странци. Таа вечер отидов во кревет и плачев. Ова искуство ме научи за радоста што се случува кога го користиме нашето време за да се поврземе, да покажеме добрина, дури и кон непознати, да се одмориме и славиме, а не да бидеме попродуктивни“, вели таа.

Дефинирајте го вашиот успех

Поради нивната единствена историја, тие на сè пристапуваат поинаку и не бараат многу, вели Нгуен. Имено, грчката влада по Граѓанската војна во Грција (1946-1949) прогонила речиси 13.000 комунисти на овој остров, а тоа влијаело на нивниот начин на живот.

„Овде за прв пат доживеав како е да се живее некаде каде што парите се нешто за што само понекогаш размислуваш. Совршено се задоволни со тоа што ги прават истите работи секој ден и никој не се грижи за модерна облека, домови, автомобили или храна. Ова ме научи колку е важно сам да одлучиш што значи да имаш доволно, да бидеш доволно и да правиш доволно. Сега се гледам себеси и почесто застанувам кога го споредувам мојот успех со успехот на другите. Ми донесе толку многу мир и благодарност“, објаснува таа.

Не дозволувајте возраста да ве дефинира

Иако цел свет зборува за долговечноста на своите граѓани, во Икарија не се ни зборува за возраста.

„Постои слобода што ја чувствувате кога ќе престанете да дозволувате вашата возраст да дефинира кој сте или да ви диктира што треба или што не треба да правите. Повеќе не се чувствувам старо на 40 години и почесто го славам животот“, потенцира Нгуен.

Иако повеќе не живее на Икарија, Нгуен сè уште го прифаќа икарскиот начин на живот на многу начини.

„Мојот 10-годишен внук кој живее во Остин, Тексас, а јас сум во Париз, само ми испрати е-пошта со прашање дали ќе присуствувам на неговата роденденска забава. Отпрвин требаше да одбијам поради долгиот лет и сето она што моментално се случува со работата, но потоа се сетив дека животот треба да биде поврзување со саканите и дека ваквите работи треба да бидат приоритет“, вели таа.

Шест меѓуоброци на најдолговечните луѓе во светот:

  • Јаткасти плодови
  • Папаја
  • Интегрален тост
  • Авокадо
  • Банани
  • Наут

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Напивки благотворни против анемија

Најчеста причина за анемија (слабокрвност) е недостигот од железо. Без него, човековото...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

СЗО: Прекумерната употреба на антибиотици ја зголемува отпорноста која може да биде одговорна за 10 милиони смртни случаи

Прекумерната употреба на антибиотици опасно ја поткопува нивната ефикасност и ја зголемува...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Жените кои спијат под седум часа на ден се поизложени на опасност од дијабетес 2

Жените кои спијат помалку од седум часа на ден се поизложени на...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Здравата исхрана и физичката активност важни при заштита од бубрежни заболувања

Хроничното бубрежно заболување (ХББ) зафаќа осум до 16 проценти од светската популација....