АКТУЕЛНО

ИНИЦИЈАТИВА – Зелен хуман град бара во автобус да се возат и домашни миленици

Прифаќањето на оваа советничка иницијатива ќе значи дека секој граѓанин ќе може да се вози во автобус со своето домашно милениче, но истото да биде во посебно изработена заштитна кутија, односно специјален транспортер за животни со што ќе спречат непријатни и несакани ситуации во автобусите.

Идната недела градските советници ќе одлучуваат дали во јавниот превоз ќе може да се возат и домашни миленици. Оваа иницијатива за слободен пристап на граѓани со миленичиња во градскиот превоз од советниците од Зелен хуман град беше ставена на дневен ред на Советот на Град Скопје пред 10 дена, но за точката ќе се дискутира на седницата на 7. март.

Прифаќањето на оваа советничка иницијатива ќе значи дека секој граѓанин ќе може да се вози во автобус со своето домашно милениче, но истото да биде во посебно изработена заштитна кутија, односно специјален транспортер за животни со што ќе спречат непријатни и несакани ситуации во автобусите, односно несакан контакт на животните со други корисници на јавниот превоз.

„Имајќи го предвид чл. 168 став (2) од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кој вели дека во патничко возило можат да се превезуваат животни само во посебно изработени заштитни кутии, со оваа иницијатива предлагаме измена на Одлуката за линиски превоз на патници во Град Скопје со која ќе се овозможи граѓаните да имаат слободен пристап во возилата на ЈСП со своите домашни миленици затворени во транспортери како што е уредено со закон“, се вели во иницијативата.

На платформата за директна демократија „МојГрад“, каде беше поставена оваа иницијатива таа била втор најгласан предлог со 1.668 гласови „за“ и 31 глас „против“.

Од домашни миленици, сега право да се возат во автобус имаат само кучиња придружници за лица со попреченост.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Од утре стартува дневната евтина тарифа на струјата

Од утре стартува евтината дневна тарифа на струјата во периодот од 13...

АКТУЕЛНО

Кисела Вода набавува мерна станица за квалитет на воздух што ќе се постави кај Цементарницата

Општина Кисела Вода вчера го распиша огласот набавка на мерна станица за...

АКТУЕЛНО

Скопската зоолошка градина демантира дека немаат адекватен кадар за грижа за животните

Скопската зоолошка градина има двајца дипломирано ветерирани со полно работно време кои...

АКТУЕЛНО

Започна реконструкцијата на улицата „Калош Дани“ во Карпош

Започна реконструкцијата на улицата Калош Дани во општина Карпош. Екипите на јавното претпријатие...