АКТУЕЛНО

ОДЛУКА ГРАД СКОПЈЕ- Салите и дворовите во училиштата пак ќе ги издаваат директорите

Спортските сали и дворовите на средните училишта во Скопје пак ќе ги издаваат директорите, а не градоначалникот на Град Скопје. На последната седница на Советот на Град Скопје советниците донесоа нова одлука со која ѝ беше одземено правото на градолначалничката Данела Арсовска да носи одлуки во врска со салите и дворовите. Со тоа всушност на сила пак се враќа старата одлука со која директорите се надлежни за ова паво, но беше сменета со доаѓањето на функција на Арсовска.

Иницијатива за донесување нова одлука за начините и условите за закуп на имотот на училиштата беше предложена од советникот од ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски. Тој кажа дека градоначалничката Арсовска не носи никакви одлуки за издавање на салите и дворовите и поради тоа спортските клубови се оставени на улица.

„Задоцнетото донесување на одлуката влијае негативно врз децата кои во моментов нема каде да тренираат. Видовме како децата сред зима тренираат надвор оти не е распишан нов повик. Ако има неправилности санкционирајте ги, а не да не носите никакви одлуки“, рече Андоновски.

Градоначалничката Арсовска кажа дека Градот наскоро ќе го распише јавниот повик за издавање под наем салите и дека тоа е системско решение со кое ќе се стави крај на злоупотребите кои биле правени.

,,Одлуката е незаконска и истата нема да биде спроведена. изминативе години за ич пари да се издавале имоти во центарот на градот, е сега веќе нема тоа да се случува. На школите иницијалната обврска им е образовниот процес, а не да рентаат дворови на приватни фирми. Не може преку ноќ да се сменат работите, но службите на Градот работеа на оваа проблематика и наскоро огласот ќе биде објавен“, рече Арсовска.

Советниците од СДСМ порабаа извинување од нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ затоа што пред 10 месеци гласале „за“ одлуката Арсовска да ја преземе оваа надлежност.

„Ние уште тогаш од оваа говорница ви укажувавме дека со неа се оди кон централизација, а не децентразилазија. Вие ја изгласавте. Градоначалничката ако некој правел злоупореби треба да го санкционира, а не само да дели квалификации, раешница за криминал не видовме“, рече координаторката на СДСМ Љубица Јанчева.

Новата одлука со која надлежноста се враќа кај директорите со 23 гласа „за“ и 6 гласа „против“.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...